Во Гостивар ќе се гради уште една градинка

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Во Гостивар ќе се гради нова градинка со капацитет од 100 деца. Со ова се очекува целосно да бидат задоволени потребите и барањата на родителите за згрижување на децата во градинките. Новиот објект ќе се доградува во склоп на веќе постоечкиот „Цветови“. За таа намена, Министерството за труд и социјала обезбеди грант за општината од 30 милиони денари. Договорот денес во Скопје го потпишаа министерката Јагода Шахпаска и градоначалникот Арбен Таравари.

„Општина Гостивар како опозициска општина имаше фантастична соработка со Министерството за труд и за среќа продолжуваме да имаме прекрасна соработка и со новата министерка, затоа и успесите на терен ги има. За овие 3 години како сме на чело на општината имаме 4 нови градинки и еве денес потпишуваме договор за уште една. Тоа е огромен успех за една урбана општина. Имавме околу 350 деца на листа на чекање, сега се околу 200, но и таа бројка е со оглед на скратените капацитети заради протоколите. Мислам дека со новата градинка и со работа со полн капацитет во Гостивар веќе ќе нема листи на чекање“, изјави градоначалникот.

Министерката нагласи дека поддршката од општините е неопходна за да се реализираат проекти во корист на децата.

„Со проширувањето на постоечките објекти и изградба на нови, работиме посветено да го подобриме квалитетот на предучилишното образование. За нас децата се врвен приоритет и секако неопходна е подршката на општините заеднички да ги движиме работите во вистинска насока.“, изјави Шахпаска.

Од повторното отворање на градинките во Гостивар, до сега биле потврдени два позитивни случаи на коронавирус, една воспитувачка и едно дете.

„Во градинките во Гостивар максимално се почитуваат протоколите за заштита, затоа и нема високи бројки на заразени. Навистина доколку сите се придржуваат до мерките доследно, вирусот нема да се шири“, рече Таравари.

Материалы по теме:

Работилница за рачна изработка на керамика во Гостивар
Под мотото „Да се вратиме на традицијата“, во Гостивар се одржа десетдневна работилница за рачна изработка на керамика. Уметници и граѓани имаа можност бесплатно ...
Таравари: Ќе се врши дезинфекција на влезови во поголемите станбени згради
Општина Гостивар со јавните претпријатија ќе организира чистење и дезинфекција на влезови и ходници во колективни згради, како мерка против ширење на коронавирус. Предлогот ...
Пациенти со ковид во Гостивар се примаат и во модуларната болница
Почна хоспитализација на заболени со ковид и во модуларната болница во Гостивар. Деновиве има наплив на болни кои имаат потреба од болничко лекување, поради ...
Грипот и настинките го зголемија интересот за тестирање во Гостивар
ВоГостивар се бара ковид тест повеќе. Симптомите на сезонскиот грип и настинките се слични со оние на коронавирусот, па граѓаните кои добиваат покачена температура, ...
Коронакризата не влијаела врз наталитетот во Гостивар
Ковид пандемијата до сега немала влијание врз наталитетот во Гостивар. Иако на гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница се родиле 20-тина бебиња помалку во однос ...