Во Гостивар ќе се прават брзи ковид тестови

Неделава ќе започне тестирањето за коронавирус со брзи антигентски тестови во Гостивар. Тестирањето ќе го врши обучен тим од лабораторијата на Здравствениот дом, а ќе се спроведува во посебен пункт во објектот на Трудова медицина. Закажувањето ќе оди преку матичните лекари и тоа само доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми, не повеќе од пет дена.

Брзите тестови се замена за ПЦР тестовите во првичните денови, кога симптомите се благи. Се работи за детекција на антиген на ковид 19. Целата процедура трае 30 минути, од земање на материјалот и сработувањето на тестот и добивање на резултатот. Врз основа на добиениот резултат се селектираат пациентите, тие што се негативни, а имаат некои симптоми на сезонски грип и други настинки, од тие што имаат позитивен резултат кои потоа подлегнуваат на натамошно испитување со ПЦР тестот.“, појасни д-р Абдулкадир Алији, раководител на лабораторија-Здравствен дом Гостивар.

Од Здравствениот дом во Гостивар очекуваат Министерството за здравство да им ги  достави тестовите утре. Планирано е дневно со брзи тестови да се опфатат 40 до 50 пациенти на товар на Фондот за здравство. Со ова се овозможува поефикасно регистрирање на позитивните случаи и нивно навремено третирање и изолирање од околината.

Состојбата со коронавирусот на подрачјето на Гостивар е загрижувачка, а регионот викендов беше меѓу првите во земјава по број на новозаразени. За два дена, како последица на компликации починаа 5 пациенти, од кои најмладиот бил на 46 годишна возраст. Моментално во гостиварскиот регион има 564 активно заразени со вирусот.  

error: Content is protected !!