Во зима паркирање во Тетово ќе се наплаќа до 21 часот, додека во лето до 23 часот

Оваа одлука беше поддржана на 29. Седница на Советот на Општина Тетово.

Советот на Општина Тетово го усвои дополнувањето на Правилникот за начинот и условите на паркирање во градот. 

Со потврда од мнозинството на тетовските советници ќе се промени работното време на зонското паркирање зависно дали е зимски или летен период. Од 1 мај до 30 септември паркирањето на зонските паркинг места ќе се наплатува од 7 до 23 часот, во работните денови, додека од 7 до 14 часот во сабота. Во зимскиот период односно од 1 октомври до 30 април, паркинг ќе се наплатува од 7 до 21 часот, во работните денови, додека од 7 до 14 часот во сабота. Бесплатно паркирање остранува во недела и државните празници.

Советниците од опозицијата излегоа кој со предлог, кој не наиде на поддршка кај мнозинството советници, за изедначување на работното време, до 21 часот преку цела година,

На денешната седница на Советот беше изгласана одлуката за одобрување на финансиски средства во висина од 2 и пол милиони денари во проектот за рехабилитација на локалниот пат од село Сушички мост до депонијата Русино, трета  фаза, во која покрај полошките општини и Бирото за регионален развој ќе обезбеди 16 милиони и 900 илјади денари.

На дневниот ред се најдоа и точки околу работата и финансиското работење, како и планови за работа на повеќе институции. Беше поддржана и Предлог – Одлуката за формирање локален совет за превенција од насилен ектремизам во Општина Тетово.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!