Во иднина граѓаните нема да употребуваат пластични документи за идентификација

Технологијата оди напред во насока на интеграција на сите документи на граѓаните на сим картички и мобилни уреди.

Системот за електронски картички не функционира веќе подолго време, така што ако се искористат новите можности што ги дава Електронскиот регистер на население, ќе се укине користењето на пластичните електронски картички, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при посетата на Тетово. Технологијата оди напред во насока на интеграција на сите документи на граѓаните на сим картички и мобилни уреди.

За кратко време и приватните компании ќе можат да се приклучат на Регистерот на население, а полесно ќе биде и вадењето документи во институциите.

Министерот Манчевски оценува дека нашата земја е на прилично добра пат во однос на дигитализацијата, која всушност е процес којшто трае и никогаш нема да заврши, бидејќи технологиите постојано се менуваат.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!