Во Клиничката болница во Тетово лежат 51 пациент со ковид

Од болницата велат дека засега има доволен капацитет и медицински персонал, но апелираат до граѓаните мерките да се почитуваат, бидејќи ситуацијата е алармантна.

Се зголемува бројот на лицата со Ковид 19 кои имаат потреба од хоспитализација. На инфективното и на интерното одделение во Клиничката болница во Тетово има 51 пациент. Сите се со потешка клиничка слика, односно на кислородна поддршка.

Од болницата велат дека засега има доволен капацитет и медицински персонал, но апелираат до граѓаните мерките за заштита од ширење на заразата да се почитуваат, бидејќи ситуацијата е алармантна.

Со вчерашните нови 80 случаи на ковид 19, 42 оздравени и 1 починато лице во Тетово и 5-те околни општини има 963 активни случаи. Од почетокот на пандемијата досега вкупниот број на заразени со ковид во овој регион изнесува 2 917.

error: Content is protected !!