Во Ковид центарот во состав на тетовската Клиничка Болница досега се тестирале над 2000 пациенти

Во Ковид центарот се намалува бројот на барања за земање на брисеви, а со тоа бројката на тестирања на сомнителни пациенти на КОВИД 19. Сето тоа се должни на проценката на матичните служби, велат од центарот. Ако во јуни сме имале 600 пациенти изминатиов месец се пријавиле 439. Оттаму сметаат дека нема потреба од зголемување на тестирањата, со цел избегнување на контакти, но и намалување на трошоците.

Тестирањата ќе бидат намалени, со оглед и на новите здравствени протоколи.

Д-р Иљоски смета дека вирусот слабее со оглед на фактот дека кај голем дел од пациентите на кои им се земени брисеви со позитивен резултат имале слаби симптоми.

Ковид центарот во склоп на тетовската Клиничка Болница е отворен од 23 март. Освен од полошкиот регион опслужува пациенти од Скопје и од други градови од државата со почитување на сите здравствени протоколи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!