Во Лешок се празнува Голема Богородица
Денес се чествува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Со црковно-народен собир во манастирскиот комплекс во Лешок два дена се празнува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, или Голема Богородица.
Одбележувањето започна вчера со Празнична Вечерна богослужба, а продолжи денес со Утрената богослужба и Светата архиерејска литургија, чиноначалствувана митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на надлежниот епархиски архиереј на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф.
Своја празнична беседа произнесе митрополитот г. Пимен, говорејќи за денешниот празник.
На литургијата, верниот народ, кој со пост, молитва и исповед се подготвуваше во текот на Богородичниот пост, се причести со светите тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови.