Во недела ќе се одржи Хорскиот фестивал Техо

Ќе настапат 5 хора од земјава, додека гостувањето на странските хорови ќе биде преку видео проекција.

29-тото издание на Хорскиот фестивал Техо ќе се одржи во недела на 20 септември во Духовно културниот ценатар во Лешок. Поради пандемијата истиот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита.

Хористите од земјава ќе настапат на сцената, додека гостувањето на странските хорови ќе биде онлајн со цел да се продолжи меѓународниот карактер.

Техо годинава е посветен на православна духовна музика. Концерите ќе се одржат во два термина, во 13 и во 18 часот.

По завршувањето на хорскиот фестивал во предворјето на црквата Пресвета Богородица ќе биде одиграна монодрамата „Чај со рум“ на писателот Јован Дамјановски, со Игор Бачоски во главна улога.   

error: Content is protected !!