Во недостиг на паркинг места во Тетово, Општината со најави за зголемување на бројот

Над 45 000 регистрирани возила со тетовски регистерски таблици, а само 420 места за зонско паркирање и околу 280 места во затворени паркиралишта. Сообраќајниот хаос во Тетово се зголемува со доаѓањето на печалбарите за празниците и во летните месеци.

Од претпријатието „Градски паркинг“ велат дека за изградба на катни гаражи треба да се изработи физибилити студија, но најавуваат регулирање на веќе постоечки паркинг места.

Градоначалникот Биљал Касами, бара поблиска соработка со полицијата, особено во делот на градот каде нема зонско паркирање.

За првпат по 8 години, денес беа обележани 13 паркинг места наменети за возилата со кои се превезуваат лицата со посебни потреби.

Данијела Билбилоска