Во Општина Тетово се одвива гласањето за нови членови на Советот

Тетово во изборна атмосфера. На територија на Општина Тетово за нови членови на Советот  се гласа на 117 избирачки места. Право на глас имаат  околу 84 илјади граѓани

Точно во 7 часот изутрина беа отворени гласачките места на цела територија на Општина Тетово. Граѓаните на Општина Тетово денес бираат нови членови на Советот, а се гласа вкупно на 117 избирачки места. Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово, на избирачкото место 1960 гласањето изутринава течеше во мирна, демократска и фер атмосфера. Потпретседателката на избирачкото место, Борка Трифуновска истакна дека поголема излезност на гласање се очекува во попладневните часови.

Граѓаните очекуваат од овие вонредни избори да поминат во најдобар ред и истовремено се надеваат на исполнување на предизборните ветувања.

На овие вонредни избори за нови членови на Советот на Општина Тетово, право на глас имаат околу 84 илјади граѓани.

Ивана Серафимовска