Во паркот кај Шарената џамија во Тетово се сликаа дела со мотиви за еднаквост и правата на жените

По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, пет девојки од здружението „Мултикултура“, во паркот кај Шарената џамија во Тетово, сликаа уметнички дела со мотиви за родова еднаквост и правата на жените во општеството.

Пет девојки членови на Здружението „Мултикултура“ од Тетово, денеска по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената, во паркот кај Шарената џамија во Тетово, сликаа уметнички дела со мотиви кои ја прикажуваат борбата за економска, социјална и политичка рамноправност на жените со мажите во едно општество. Целта на  настанот е преку ваков начин да се испрати порака за женската сплотеност во борбата за еднаквост и рамноправност.

Вакви слични настани денес беа организирани во Скопје, Битола и Штип. Тие се спроведуваат во рамки на проектот „Млади Хаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“ кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија. Проектот е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје, а неговата цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни  во општеството, да креира поеднаквов пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Ивана Серафимовска