Во пожар во Жилче почина 80-годишна жена

Во пожар во помошен објект во тетовско Жилже почина едно лице. Три противпожарни возила и 7 пожарникари учествувале во гаснење на пламените јазици.

80-годишна жена загина во пожар кој се случи утрово во тетовското село Жилче. Таа престојувала сама во помошниот објект до куќата, каде настанал пожарот, кој во 7 часот го пријавил нејзиниот син. Откако биле локализирани пламените јазици, пожарникарите го извадиле безживотното тело.

Причинета е и материјална штета, односно опожарена е една соба и кровната конструкција. 

Според пожарникарите првично причината е во уредот за греење на дрва кое го користела. Бидејќи ноќта беше многу студена најверојатно каминиот горел цела ноќ, а пламенот го зафатил и нејзиниот кревет.

Жителите на Тетово се сеќаваат на трагедијата од пред три години, кога во студениот јануари, поради пожар кој започнал од каминот на кој се грееле, загинаа 5 лица, мајка и 4 малолетни деца.