Во пожар во куќа предизвикан од експлозија на плинско шише со изгореници се здобил 74-годишен тетовец, а две лица вдишиле чад


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

74-годишен тетовец се здобил со изгореници обидувајќи се да го изгасне пожарот кој вчера избувнал во неговата куќа, при експлозија на плинско шише. Во пожарот и на две лица им е укажана прва помош поради вдишување чад. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

Од почетокот на годината досега тетовските пожарникари имале вкупно 251 интервенција. Дел од пожарите во затворен простор се предизвикани од плиски уреди и неисправна електрична инсталација, а голем е бројот и на пожари на отворен простор.

Тетовските пожарникари, освен во гаснење пожари и интервенции во сообраќајни несреќи, периодов учествуваат и во спроведување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.