Во полошко не се почитуваат здравствените протоколи


И покрај зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот голем дел од граѓаните на полошко не ги почитуваат здравствените препораки за носење на заштитна опрема. Речиси секој ден во билтенот на СВР Тетово се евидентираат над 100 лица кои не носат заштитна опрема.

Само за изминатово деноноќие, статистиката на СВР Тетово изготвила и поднела прекршични пријави на 113 лица кои не ја почитувале владината уредба за носење на заштитни маски. Се работи за 55 лица на тетовското и 58 лица на гостиварското подрачје. Граѓаните велат дека со олабавуавње на мерките и граѓаните се олабавени, ретко кој од нив носи заштитни маски, а не се почитува ниту препораката за социјална дистанца.

-Да ви кажам искрено не се почитува, гледам дека не се носи заштитна опрема посебно младите во вечерните часови, вели една тетовка

Голем дел од граѓаните и додека престојуваат во угостителските објекти не носат заштитна опрема

-Па ние заедно и во соработка со државниот пазарен инспекторат одиме на терен и гледаме дека не се почитуваат протоколите и во угостителските објекти, и таму се делува согласно законските процедури, рече Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово

За изминатово деноноќие на 30 лицa  изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 952 лица со вакви решенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!