Во последниве 24 часа се евидентирани 11 заболени од коронавирус.


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во последниве 24 часа се евидентирани 11 заболени од коронавирус. Седум од нив се од Тетово, едно од Боговиње ,а три се од државните карантини.

Во тетовскиот регион се евидентирани и 3 излечени лица од КОВИД 19. Едно од нив било на домашно лекување , а две на инфективната клиника. Две од трите позитивни лица на КОВИД 19 кои престојувале во државните карантини се од Тетово , а едно од Желино.

Од Центарот за јавно здравје Тетово и денеска апелираа да се почитуваат мерките и препораките на здравствените работници. Велат со олабавување на мерките се олабавија и граѓаните, затоа и вирусот во Тетово брзо се ширел.

Дека граѓаните се олабавени и не ги почитуваат мерките говорат и овие денешните снимки кои ги евидентираше нашата камера.

Деновиве заврши вонредниот скрининг на населението во тетовско во кој беа опфатени околу 200 лица, меѓу кои како што рекоа од Центарот за јавно здравје Тетово имало позитивни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *