Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце

Екипи на Центарот за управување со кризи се на терен, додека механизацијата на Јавното претпријатие Македонија пат работи на расчистување на коловозот и коритото. Сообраќајот се пренасочува преку спореден локален пат. Ноќеска се излеала и реката Бистрица која направила помали штети во неколку села.

По неколкудневните врнежи од дожд и топењето на снегот, од ноќеска поплавен е регионалниот и меѓународен патен правец Тетово- Јажинце, кај мостот во село Доброште. Надојдената вода на Габроска река тече над коловозот, при што има и наноси од камења, кал и дрвја. Сообраќајот е во прекин се пренасочува преку локален спореден пат. Екипи на Центарот за управување со кризи се на терен, додека механизацијата на Јавното претпријатие Македонија пат работи на расчистување на коловозот и коритото.

Екипи на општина Теарце уште вчеравечер почнале да интервенираат со багери и го рушиле горниот мост на реката, со што било спречено да се поплави дел од селото Доброште. Во поплавата оштетени се неколку електични столба, а штети имаат и две мали хидроцентрали.

Жителите на село Доброште велат дека не паметат толку голема поплава на оваа река. Среќни се што нема поголеми штети.

Ноќеска и реката Бистрица се излеала неколку неаселени места. Во село Теарце се поплавени неколку плевни, додека во селото Јегуновце биле поплавени неколку куќи и градини. Градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажевски, информира дека општинските екипи ноќеска работеле на терен и дека денес ситуацијата е под контрола. 

error: Content is protected !!