Во рамки на циклусот концерти „Танец низ татковината“ Aнсамблот гостуваше во Тетово
Тетовската публика синоќа уживаше во концертот на Aнсамблот за народни игри и песни „Танец” во Центарот за култура Иљо Антески Смок.
Гостувањето е дел од циклус концерти во центрите за културата низ нашата држава „Танец низ татковината“, нивен долгогодишен проект. Овие целовечерни концерти на целиот ансамбл (играорен кор, вокален ансамбл и оркестар) се составени од атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.
Како пејач солист настапи Сузана Спасовска.
ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, име што го симболизира македонскиот народен танц (оро), е амбасадор на македонската народна уметност и култура низ целиот свет.
Данијела Билбилоска