Во Советот на Тетово влегуваат само 6 партии

Во Советот на Тетово влегуваат само 6 партии, од вкупно 13 листи со кандидати за советници, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија.

Според број на гласови, процент на гласови и советници, БЕСА е апсолутен победник бидејќи сите овие параметри ги подобри од ланските избори, кога имаше 8 советници, а сега има 12.

Иако ДУИ изгуби, а има и помалку гласови од лани, во процент на гласови порасна, а сега има и еден советник повеќе, односно 11.

ВМРО-ДПМНЕ остануваат со четири, СДСМ со два советника.

Но ВМРО-ДПМНЕ иако има помалку гласови го зголеми процентот на освоени гласови и сега имаше над 11% освоени гласови (лани 10,6 %), додека СДСМ го намали бројот на гласови и процентот.

Дел од новиот состав ќе биде и 1 советник на Алтернатива, која на предходните избори настапуваше во коалиција со Алијанса за Албанците, која, пак, сега за само 15 гласа не успеа да обезбеди место во Советот, а во предходниот имаа 3. Еден советник помалку има и ДПА.

Само 31 глас им недостасуваше за влез во Советот на независната листа Подобро за Тетово, која минатите избори имаше 2 советници.