Во сообраќајна незгода во близина на Бунец повредени две гостиварки

Повредени две гостиварки во сообраќајката случена утрово во близина на Бунец, влез во Националниот парк „Маврово“. Во неа учествувале: патничко моторно возило „фолксфаген голф 4“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот дебранин и товарно возило „мерцедес“ со гостиварски ознаки, што го управувал 55-годишен гостиварец. Повредените се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Вчеравечер на улица„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишен малолетник, бидејќи по извршен претрес над него и во неговиот дом по претходно издадена судска наредба биле пронајдени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Полицијата вчера привела и 58-годишен гостиварец, кој го нарушил јавниот ред и мир со оддавање на пијанство. Тој e задржан во Полициската станица Гостивар и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Од СВР Тетово информираат дека во текот на изминатото деноноќие, нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 16 лица (ТЕ-10 и ГВ-6), додека вкупно биле контролирани 205 лица со вакви решенија (ТЕ-170 и ГВ-35).Изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 лица (ТЕ-5 и ГВ-5), а контролирани биле 20 лица со потпишани изјави за самоизолација (ТЕ-15 и ГВ-5). Во овој период  за неносење заштитни маски на вкупно 158 лица (ТЕ-113 и ГВ-45) изготвени им се прекршочни платни налози.

error: Content is protected !!