Во текстилната, кожарската и чевларската индустрија нема отпуштања

Од Синдикатот за текстил, кожа и чевли велат дека додека трае пандемијата со ковид -19, во компаниите кои се нивни членови немало отпуштања, а воедно се почитуваат и мерките за заштита.  

Во текстилната, кожарската и чевларската индустрија нема отпуштања, вели претседател на Синдикатот, Љупчо Радовски. Според него, во компаниите кои се членови се почитуваат препораките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот.

Во случај на засилени мерки за превенција, од Синдикатот велат, за да нема отпуштања во компаниите ќе се користат годишните или принудни одмори за вработените.

Инаку, според наши извори, во неколку поголеми компании во полошкиот регион од различни сектори вработените од вчера ги користат годишните одмори. 

Powered by Live Score & Live Score App