Во тек се уписите за првачиња

Родителите до крајот на мај треба да ги достават потребните документи до училишните управи.

Во тек се уписите за првачиња за новата учебна 2021/2022 година. Во училишните клупи во основните училишта во општина Тетово се очекува за првпат да седнат околу 1 200 првоооделенци. До крајот на месецот родителите до училишните управи треба да ги достават потребните документи.

Уписите можат да бидат и електронски, но сепак, детето треба да посети комисија за проценка.

Во прво одделение во новата учебна година ќе се запишат деца родени во 2015 година, или децата кои ќе наполнат 6 години старост најдоцна до 31.01.2022 година, но по претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од психологот во училиштето.