Во Тетово во изминативе 24 часа не е потврден ниту еден нов случај на заболен од коронавирус

Во Тетово во изминативе 24 часа не е потврден ниту еден случај на заболен пациент од коронавирус. На ниво на цела држава потврдени се 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19.

Последните бројки говорат дека во цела држава има вкупно 384 лица дијагностицирано со Ковид 19 .Во Скопје има нови 12, во Куманово 8, во Прилеп 9 и во Крива Паланка има регистрирано едно ново лице заболено од КОВИД 19.

Од Министерството за здравство, вчера информираа дека во Тетово има 13 заболени од КОВИД 19. Оттаму преку писмено соопштение ни одговорија дека дека се работи за два кластера заболени во Тетово и тетовско. Едниот кластер е поврзан со првиот потврден случај од Тетово, вториот со лице кое е вратено од странство.

Министерот за здравство Венко Филипче во телевизиско интервју изјави дека се работи за сериозна болест која никого не поштедува. Со сигурност вели Филипче, мерките против ширењето на заразата ќе бидат во сила до крајот на април, затоа што истите дале резултати.

Инаку во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега за КОВИД 19 има направено 4.117 тестирања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!