Во Тетово започна вакцинацијата против сезонски грип

Денеска во Тетово започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се одвива во пунктот во состав на Центарот за јавно здравје во Тетово. Лекарите велат дека вакцината не е задолжителна, но ја потенцираат ризичната група граѓани за кои е препорачливо да ја примат, а тоа се лицата постари од 65  години, хронично болните, здравствениот персонал, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Вакцината против сезонски грип заштитува од тешки компликации по здравјето на граѓаните, потенцираат лекарите.

Заинтересираноста кај граѓаните за примање на вакцината од година в година е се’ поголема, велат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Од Центарот за јавно здравје Тетово додаваат дека има доволно количини на вакцини и дека се пополнети сите термини до крајот на октомври.  

Ивана Серафимовска