Во Тетово зголемен е бројот на бездомни кучиња

   Во Тетово повторно актуелен проблемот сo зголемениот број бездомни кучиња, откако во февруари заврши тендерот за згрижување на овие животни на Ветеринарната амбуланта Дог ен Кет. Граѓаните секојдневно алармираат дека бездомни кучиња се појавуваат низ улиците во градот, а чести се случаите кога и напаѓаат. Состојбата е слична и во селата.

Од Ветеринарната амбуланта „Dog & Cat“ велат дека згрижувањето на бездомните кучиња треба да биде континуриано, за да се реши проблемот. Во моментов се уште чекаат за биде распишан тендер за да почнат со работа.

Градоначалничката Теута Арифи, пак, вели дека се работи на случајот, но не потенцира кога ќе биде распишан тендер.  

Општина Тетово досега два пати распиша тендер за згружување на бездомни кучиња. Кучињата беа заловувани, вакцинирани против беснило и се стерилизираа и кастрираа, па потоа беа враќани од местото каде биле најдени. Сето тоа беше во два наврати, со привремен ефект, без конечно речение на проблемот.

error: Content is protected !!