Во Тетово има 4 нови случаи на Ковид – 19

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170.

Во Тетово има 4 нови случаи, со што вкупната бројка изнесува 52.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите превентивни мерки во борбата со коронавирусот даваат резултат. Тој вели дека сето тоа доведе до тоа да има линеарен пораст на пациенти, да има број на пацинети што може да биде примен во болниците и соодветно да се третира. Филипче зборуваше на онлајн прес видеосесија Ковид-19 натема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

Министерот за здравство вели дека болничките капацитети и сега не се преполнети. Тој очекува некаде на почетокот на мај да има период во кој бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува, а тоа ќе доведе до попуштање на рестриктивните мерки. Филипче вели дека оваа болест ќе донесе трајни промени не само во животот, туку и промени во здравствените системи.

error: Content is protected !!