Во Тетово и Гостивар приведени 7 лица за прекршување на полициски час

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Од вчеравечер започна да важи забраната за движење во периодот од 21 часот навечер до 6 часот наутро. Полицијата има засилени контроли и дополнителни пунктови. Генерална оценка е дека забраната се почитува, но регистрирани се и прекршувања.

На тетовско-гостиварското подрачје евидентирани биле вкупно 7 прекршувања на полицискиот час, во Гостивар 2, а во Тетово 5.

„Констатирани се две прекршувања, лицата биле лишени од слобода, поради непочитување на воведената забрана за движење. Против нив поднесени се соодветни кривични пријави, истите се предадени за натамошна постапка во основното јавно обвинителство.“ информираше заменик командирот на Полициската станица Гостивар, Војче Смилески.

Покрај редовните патролни служби, во текот на полицискиот час, ПС Гостивар има поставено 7 пункта на територијата што ја покрива. На пунктовите има по двајца униформирани полицајци и еден од Надворешната канцеларија на ПС. Освен овие, има 24 часовен пункт на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на раскрсницата за Дебар.

Дежурни пунктови има и на тетовското подрачје.

Полицискиот час не ги опфаќа важи за припадниците на МВР, Армијата, Противпожарните служби и лицата вработени во Комуналната хигиена кои работат во смена. Од забраната, исто така се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои се во животозагрозувачка состојба и оние кои одат на дијализа. При тоа, тие можат да бидат во придружба на најмногу уште двајца.

Во тетовско-гостиварскиот регион над 500 лица имаат потпишано изјави за самоизолација.

Материалы по теме:

Акција во Гостивар: За еден час откриени 60-тина сообраќајни прекршоци
Саботниот ден полицијата во Гостивар го посвети на интензивни контроли во сообраќајот. Колку се возачите недисциплинирани докажува податокот дека за еден час биле откриени ...
Нови решенија за изолација за 173 лица во Тетово и Гостивар
Изминатото деноноќие во тетовско-гостиварскиот регион Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал нови решенија за изолација на вкупно 173 лица. Според податоците од СВР Тетово, ...
17 прекршувања на полицискиот час во Гостивар и Тетово за Први мај
Вчерашниот првомајски празник донесе зголемен број на прекршувања на полицискиот час на полошкото подрачје. Според податоците од СВР Тетово, вкупно 17 граѓани не ја ...
Достава на храна во вонредна состојба
Мирно е по улиците во Тетово и тетовско за време на полицискиот час. Но, овие работници непречено си ги извршуваат своите обврски. Секој ден ...
Задолжителна заштита и дезинфекција пред влегување во маркет
Задолжително носење заштитна маска и дезинфицирање на рацете на самиот влез од маркетот. Ова се мерките кои се преземаат низ тетовските маркети, а работното ...