Во Тетово и на Водокрст се скока по светиот крст
Црквата Св Богородица во тетовско горно мааоло и годинава за денешниот празник Водокрст, беше претесна за верниците.Освен утре на Водици,само во Тетово светиот крст се спушта и денеска, токму во оваа црква 36 годишниот Томислав Несторовски беше најсреќен да го извлече крстот од студените води на црковниот базен.
Оваа традиција е стара повеќе од три децении, се сеќава Горан Хаџи Иљоски -Чајка, кој е токму првиот што скокнал и го извлекол светиот крст .
Бројните верници велат дека ова се најубавите празници.Посакаа мир, здравје, среќа за сите.
Утрешната централна прослава за Водици ќе биде во Соборниот храм Св. Кирил и Методиј, а масовни празнувања ќе има низ речиси сите тетовски села.