Во Тетово и тетовско денес има 5, додека во гостиварско 2 нови случаи со Ковид 19

Почина еден пациент од општина Врапчиште на 72-годишна возраст.

Денес во тетовскиот регион се регистирани 5 нови случаи со Ковид 19, од кои 3 се од општина Тетово, по еден случаи од општините Јегуновце и Боговиње. Во општина Гостивар и општина Врапчиште има по еден нов случај. Во ГОБ „8 септември“ почина еден пациент од општина Врапчиште на 72-годишна возраст примен на 30 мај.

Епидемиолозите како причина за зголемувањето на бројот на нови случаи со Ковид 19 го наведуваат непочитувањето на мерките за заштита, бидејќи најголем број од случаите се контакти со веќе заболени лица.

Граѓаните во анкета велат дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот во градот делумно се почитуваат. Има лица коишто не носат заштитни маски, а често може да се забележат групирања во парковите и гужви на тетовскиот пазар.

Откако го отфрли предлогот за воведување полицски час Владата одлучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во критичните општини каде има поголем број на заболени.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 10 лицa (ТЕ), додека вкупно биле контролирани 770 (TE-550 и ГВ-220) лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така,  изјави за самоизолација потпишале вкупно 24 лица (TE-19 и ГВ-5), а контролирани биле 155 лица (ТЕ-130 и ГВ-25 ) со потпишани изјави за самоизолација.Во овој период  за неносење заштитни маски на вкупно 214 лица (ТЕ-119 и ГВ-95) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат извршена е контрола на 15 угостителски објекти во општините Тетово, Теарце и Боговиње и не биле откриени прекршувања на протоколите за работа.

error: Content is protected !!