Во Тетово нема паркинг, Општината најавува сообраќајни решенија

Рекордни 84 казни за погрешно паркирање во еден ден изрекла тетовската полиција. Или за 4 дена вкупно 218, а со пајак службата биле подигнати 49 возила кои го попречувале сообраќајот.

Полициските службеници се обидуваат да воведат ред низ улиците во Тетово, но поради немањето доволно слободни паркинг места, возачите ги оставаат возилата каде ќе стигнат.

Од новата лолкална самоуправа велат дека во фаза на изработка е долгорочно решение за хаосот во сообраќајот. За изградбата на катни гаражи, со што би се ублажил проблемот со паркирањето, градоначалникот Биљал Касами, вели дека треба повеќе време.

Податоците говорат дека 44 592 регистирани возила се само со тетовски регистерски ознаки,  но во градот сообраќаат и други возила. Дополнително бројот на автомобили се зголемува со доаѓањето на печалбарите за празниците.