Во Тетово не запира трендот на раст на новозаболени пациенти.

Во Тетово не запира
трендот на раст на новозаболени пациенти. Денеска вкупно 9 позитивни случаи.
Зголемувањето на бројот го вознемири граѓаните. Дел од нив велат дека
полицискиот час требало да се воведе и порано и покрај загубите кои ги трпат
пред се малите фирми и занаетчии. Здравјето велат е најважно од се.

Шнајдерот Бесник Рамадани ги мери последните парчиња материјал за облеката која ја нарачале неговите муштерии. Планирал
до утре да ја заврши, но поради полицискиот час принуден е доцна попладнево да
го затвори дуќанот да пазари за дома и како и сите да се изолира во домот со
неговото семејство.

Корона кризата вели ја преполови неговата работа, но мерките како таа за ограничено движење мора да се почитува, додава Рамадани

Граѓаните забрзано ги купуваа основните намирници. Корона кризата ги навикнала на вакво темпо на живот. Никој од анкетирани не се противи на полицискиот час. Дел од нив велат дека оваа мерка требало да се воведе од почетокот на месецов, кога во Тетово енормно растеше бројот на заразени.

Подговките пред полицискиот час создаде огромни гужви во Тетово.

Но ваквите гужви се секојдневие последниве десетина дена. Со олабавување на мерките се олабавија граѓните, а со тоа и бројот на заразени растеше, Денеска Центарот за јавно здравје Тетово евидентираше 9 случаи, 6 од Тетово и и по еден случај во општините Јегуновце Боговиње и Теарце. Нови кластери нема, новозаразените контактирале со позитивни случаи.

Коронавирусот за прекина уписот во основнот училиште Истигбал во Тетово. Еден од наставниците бил позитивен на тестот за КОВИД 19. Сите негови колеги за ставени во изолација и се очекува да им бида земени брисеви. Во училиштето е извршена дезинфекција и уписот ќе продолжи после 15 јуни. Клуч деновиве беше ставен на еден мини погон во Тетово каде еден вработен беше позитивен на тестот за коронавирус.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *