Во Тетово одбележан големиот државен празник Илинден

Македонија денес го чествува големиот национален празник Илинден. Празникот ја отсликува вековната борба на македонскиот народ за самостојна и независна држава. Илинден е и симбол на македонски непокор и потсетник на големиот број револуционери и борци за независна Македонија кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на Македонците. 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, со свечена церемонија денеска беа одбележани во Тетово. Пред споменикот на Револуцијата во Тетово,пак, свежо цвеќе положија низа делегации.

Илинденското востание со создавањето на Крушевската република, а 41 година подоцна и  Првото заседние на АСНОМ, ја покажуваат и истрајноста на македонскиот народ за сопствена држава. Одбележувањето на празникот и споменот кон паднатите борци, и оваа година е повод за чествување низ цела држава.

Ивана Серафимовска