Во Тетово одржана панел-дискусија на тема мултикултура и интеркултурен дијалог

Мултикултурализмот, мултикултурниот дијалог и културните разлики беа во фокусот на денешната панел-дискусија во рамки на едукативниот фестивал „Watch through“- („Гледај низ“), во организација на Центарот за Балканска соработка – „Лоја“ од Тетово. Пред присутните со свои примери за мултикултура, но и колку таа е значајна за просторот во кој живееме исполнет со припадници на разчични националности, говореа универзитетскиот професор и писател од Албанија, Илјет Аличка, универзитетската професорка на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Лидија Георгиева како и Бенџамин Бланкер поранешен координатор на сервис за граѓански мир.  Целта на „Гледај низ“ фестивалот е да се создаде да создаде синергија што може да стимулира позитивни промени во општеството и да ги инспирира другите да дејствуваат кон подобра иднина со перспектива на европска интеграција. Со фокусирање на образованието, литературата, граѓанскиот ангажман и заштитата на животната средина, фестивалот „Гледај низ“ промовира разбирање, емпатија, активизам и критичко размислување, кои се од суштинско значење за мирен соживот и одржлива благосостојба.

Фестивалот „Watch through“ започна вчера со панел-дискусија во Скопје на тема отворен Балкан и Балканот во ЕУ, а ќе заврши утре со трибина посветена на животната средина.

Ивана Серафимовска