Во Тетово одржан концерт на оперски арии за мецосопран во изведба на Александра Коцевска
Во средното музичко училиште во Тетово беше одржан концерт на оперски арии во изведба на Александра Коцевска – мецосопран и професорка по соло-пеење, придружувана од пијанистот Глигор Гелебешев. На сцената беа изведени оперски арии од познати оперски композитори.
Вистинско уживање за присутните изведувајќи оперски арии, денес во концертната сала на музичкото училиште во Тетово, приреди Александра Коцевска мецосопран и професорка по соло-пеење во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Коцевска на сцената беше придружувана од нејзиниот колега – пијанистот, Глигор Гелебешев. На нејзиниот репертоар се најдоа оперски арии од Моцарт, Верди и други оперски композитори.
Коцевска пред нашата камера посочува дека изведувањето оперски арии е вистински предизвик.
Концертот на Коцевска во Тетово се изведува во рамки на проектот Концерт на оперски арии за мецосопран поддржан од Министерството за култура. Наредно во рамки на проектот дуото Коцевска-Гелебешев ќе настапи во Свети Николе и Велес.
Ивана Серафимовска