Во Тетово од триесет пациенти заболени од КОВИД 19 тројца починаа

Во Тетово во изминативе 24 часа починаа двајца пациенти, кај кои претходно им беше дијагностициран коронавирус. Со тоа во овој град имаме вкупно три смртни случаи со КОВИД 19. 

Последните податоци говорат дека има регистриран само еден нов пациент со КОВИД 19, со тоа вкупната бројка на заразени изнесува 30. Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека градот веќе станува ризичен , затоа што граѓаните не ги почитуваат мерките.

Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките на здравствените институциите со цел поголема превенција и заштита од коронавирусот, рече д-р Сузана Субашиќ епидемиолог во Центарот за јавно Здравје Тетово.  

И од кризниот штаб Тетово апелираат на поголема совест кај граѓаните, држење дистанца и самоизолација.

-Уште еднаш ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки и владините мерки. Одржувајте социјално дистанцирање избегнувајте групирање во поголеми групи, редовно мијте ги рацете и избегнувајте непотребно напуштање на домовите.Во следните 2 седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија кај нас. Затоа, соработката и одговорното однесување на секој граѓанин е неприкосновена, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Апелираат Народната банка да преземе конкретни мерки за банките во Тетово да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модус за исплаќање пензиите преку пошта,со цел старите лица да не се собираат и групираат пред банкоматите и влезовите на банките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App