Во тетовска Брвеница откриена спомен биста подигната во чест на Жарко Кузмановски

Во тетовска Брвеница денес беше откриена спомен биста подигната во чест на Жарко Кузмановски, припадник на Специјалната единица Тигар при МВР, кој загина во вооружената престрелка во кумановската населба Диво Насеље, пред 7 години.

За Кузмановски, како еден од хероите кои оставија вечна трага во историјата на нашата земја, говореа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, припадникот на Специјалната единица Тигар, Стефан Соколов, како и портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Кузмановски постхумно е одликуван медал за храброст од претседателот на државата.

Данијела Билбилоска

Сподели