Во Тетово пригодно беше одбележан 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со интонирање на македонската химна и полагање цвеќе денес во Тетово пригодно беше одбележан 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Пригоден реферат за значењето на денешниот ден прочита претседателот на Сојуцот на борци, Јоцко Димитриески.

Пред Споменикот на Револуцијата цвеќе положија Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово, АРМ, Резервни воени старешини, Здружение на воени инвалиди, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Музеј на Тетовски крај, Здружение на пензионери од Тетово, ученици од ОУ БРатство Миѓени, а на настанот присуствуваа и ученици од ОУ Гоце Делчев.

Данијела Билбилоска