Во Тетово промовирани книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на новинарот Љупчо Јолевски
Книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на новинарот Љупчо Јолевски, вчеравечер ја имаа својата промоција пред тетовската јавност. „Радио“ е напишана на повеќе од 700 страници збогатена со мноштво фотографии, додека книгата како што појаснува Јолевски е сублимат на неговата новинарска работа во изминативе неколку години со избор на текстови пишувани и објавени на Радио Слободна Европа на македонски јазик. Книгата „Неправилен ритам“, пак, содржи бројни интервјуа со македонски музички изведувачи.
Авторот на книгите, Јолевски, се надева дека книгите ќе останат во трајно наследство за идните генерации.
Промотори на книгите беа новинарот и писател Дејан Трајковски и фотографот Драги Неделчевски. Промоцијата беше проследена и со музика во изведба на членовите на дуо Скупи, Јета Старова Мехмети – флејта и Ермаљ Мехмети – виолина, како и на џез-триото Дробицки,Омерагиќ и Глигор Кондовски.
Ивана Серафимовска