Во Тетово се отвори Центар за една точка за услуги

                         Во Тетово се отвори Центар за една точка за услуги

Во Тетово се отвори Центар за една точка за услуги во кој граѓаните можат директно да завршат работа и да добијат услуги од повеќе министерства. Канцеларијата каде денеска ја посето Министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски се наоѓа во градскиот трговски центар во Тетово.

На едно место преку овие шалтери граѓаните од тетовско од денеска на побрз и поедноставен начин ќе добиваат услуги од сектори кои се дел од повеќе министерства на државата. Освен услуги граѓаните тука ќе добиваат и дополнителни информации околу работата на платформата Услуги.гов.мк.

-На почетокот ќе функционира како канцеларија во која ќе можат да дојдат граѓаните да ја активираат електронската идентификација со што ќе можат да остварат над 136 услуги, кои се нудат преку националниот портал за електронски услуги, рече Дамјан Манчевски Министер за информатичко општество и администрација.

Во време на КОВИД 19, Манчевски апелира повеќе да се користи платформата Услуги.гов.мк и граѓаните наместо да се изложуваат на ризик и да одат од институција до институција можат на брз и едноставен начин повеќе работи да завршат во Центарот за една точка на услуги.

-Нашите вработени тука ќе им даваат информации на граѓаните како полесно да ги добиваат услугите, но ќе им даваат информаци за над 716 услуги кои се потпишани на каталогот за услуги. Тука ќе можат да се добијат интегрално сите информации. Идејата е полесно да се снајдат луѓето . И пак ќе апелират во време на коронакриза што повеќе да се користат вакви услуги, изјави  Дамјан Манчевски Министер за информатичко општество и администрација.

Центарот за една точка на услуги се наоѓа на првиот кат од градскиот трговски центар во Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *