Во Тетово ќе се одбележи 80-годишнината од формирањето на ЦК на КПМ
По повод 80 години од формирањето на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, Сојузот на борци и Музејот на тетовски крај во недела ќе организираат свечена манифестација, додека во петок ќе се одржи историски час за учениците од основните училишта. Двата настана ќе се одржат во Спомен куќата на семејството Јовановци, закажани за во 11 часот.