Во Тетово 4 нови случаи со Ковид -19 и едно починато лице

Во изминатите 24 часа направени потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово. Во медицинските установи во Скопје починале и 59-годишна пациентка од Прилеп и пациент од Велес на 76 години.

Тетово е епидемиолошки несигурен град, велат епидемиолозите. Во изминатиов период бројот на заболени се зголемува, со што бројот на ковид дијагностицирани пациенти достигна 122. Во изминатото деноноќие во овој регион се регистрирани 4 нови случаи, од кои три лица од општина Тетово и едно лице општина Боговиње, кое починало. Лицата се заразуваат при контактите со заболените, што покажува дека постои непочитување на мерките за заштита, односно неносење маска и недржење растојание, велат здравствените работници.

Сликата во градот е дека мерките за заштита генерално се почитуваат. Граѓаните потврдуваат дека има и такви кои не се придржуваат до препораките.  

Инаку полицијата на подрачјето на СВР Тетово, од денот на стапувањето во сила на мерката за задолжително носење маска, писмено опомена 282 лица за непочитување на истата. 

Powered by Live Score & Live Score App