Во тетовската полиција едно лице пријавило измама

Поради поседување наркотични средства приведени неколку лица. Билтен на СВР Тетово.

22-годишен жител на Блаце-Чучер Сандево вчера во СВР Тетово пријавил измама од 25-годишник од тетовско Боговиње. Според пријавеното, на 24 јануари годинава тој му ветил дека ќе му обезбеди работа во Германија нему и на негов роднина, а измамениот дошол во Тетово и му платил 200 евра.                           Оттогаш, повеќе не му се јавувал и не му ги вратил парите.

39-годишна жителка од Кочани пријавила пријавила дека вчера во и надвор од угостителски објект во Гостивар, физички била нападната од 27-годишен гостиварец.

Поради поседување наркотични средства приведени неколку лица. Марихуана е принајдена кај 39-годишен тетовец и 19-годишник од Рогле, додека кај 4 лица од Сараќино на возраст од 16 до 20 години пронајдени им се марихуана и ризла. По целосното документирање на случајот ќе следува поднесок.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во гостиварската населба Фазанерија е приведена 37-годишна жителка на Неготино, осудена на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“. Набрзо потоа, таа спроведена е во Казнено-поправната установа „ Идризово“ во Скопје.

error: Content is protected !!