Во тетовскиот регион денеска регистрирани 17 нови случаи заразени со КОВИД 19.

Со новите 17 дијагностицирани со КОВИД 19 вкупната бројка на заразени со коронавирус во тетовско изнесува 430. Од овој број досега се излечиле 144 лица, а 28 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 258

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, по одржувањето на кризниот штаб истакнаа дека со издавањето на платежните картички повторно се појавиле гужви пред банките. Апелираа на воспоставуавње на ред. Таа истакна дека со завршуавњето на вонредната состојба престанува да важи забраната за организиран превод од Тетово кон соседните општини и обратно.

Од Клиничката болница Тетово не информира дека оваа институција ги поседува сите инфраструктурни и човечки капацитети за успешно справување со состојбата и зголемениот број на пациенти дијагностицирани со КОВИД19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!