Во тетовско Блаце традиционално одбележан празникот Духовден
Голем број верници вчера традиционално по повод празникот Духовден ја исполнија црквата „Света Троица“ во месноста Самовилска вода, во тетовско Блаце.
Одбележувањето започна во утринските часови најпрво со света божествена литургија, во служба на отец Ненад Ѓорѓески од тетовското архиерејско намесништво, по која следеше режење на кумските колачи при што беа одредени и новите кумови за следната година.
Црковниот одбор со годинашните кумови, организираа и ручек за присутните, по кој следуваше општонародна веселба во дворот на црквата.
Црквата „Свети Троица“е една од трите цркви во Блаце изградена на постар сакрален објект, а истата е обновувана во 1978 и 2002 година.
Ивана Серафимовска