Во тетовско-гостиварскиот регион за 42 лица се изготвени решенија за самоизолација

За неносење заштитни маски, пак, казнети се 159 лица, додека угостителски објект не ги почитувал протоколите за работа. Билтен на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 42 лицa (ТЕ-40 и ГВ-2), додека вкупно биле контролирани 715 (TE-525 и ГВ-190) лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така,  изјави за самоизолација потпишале вкупно 3 лица (2-ГВ и 1-ТЕ), а контролирани биле 138 лица (ТЕ-100 и ГВ-38 ) со потпишани изјави за самоизолација. Во овој период  за неносење заштитни маски на вкупно 159 лица (ТЕ-101 и ГВ-58) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат извршена е контрола на еден угостителски објект на тетовското подрачје, во кој биле констатирани одредени прекршувања на протоколите за работа.

Од полицискиот билтен на СВР Тетово и информација дека влеравечер во угостителски објекти во Тетово се приведени две лица, 46-годишник од Тетово и 38-годишна кумановка, кај која бил пронајден хероин, додека во санитарниот јазол на објектот биле пронајдени остатоци од кокаин. Вчера во Тетово лишен од слобода е жител на  тетовско Долно Седларце, затоа што при преглед му биле пронајдена ризла, додека пред лишувањето успеал да проголта ќесичка со марихуана.

33-годишник од гостиварско Ѓурѓевиште вчера во СВР Тетово пријавил дека во Гостивар, физички бил нападнат од двајца негови соселани, со кои подолго време имал меѓусебни недоразбирања и нарушени односи. Во нападот користеле и тврди предмети.

Ноќеска околу 1 часот во СВР Тетово пријавено е дека од патничко возило, кое поминувало низ тетовско Слатино, биле фрлани пиротехнички средства, со што бил нарушен јавниот ред и мир. Поради сомнение за нивна инволвираност во наршувањето, нешто подоцна биле приведени неколку лица, кои биле во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувале кон полициските службеници. По целосното расчистување на случајот против нив ќе следуваат поднесоци.

error: Content is protected !!