Во тетовско евидентирани се 7 нови случаи со коронавирус

Во тетовско евидентирани се 7 нови случаи со коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани со вирусот во овој регион изнесува 215. Едно лице од Тетово на возраст од 65 години позитивно на КОВИД 19 почина.

Сите седум нови случаи се од фудбалските клубови од тетовско на чии членови деновиве им се вршеше скрининг.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, уште еднаш апелираа на поголема внимателност и почитување на здравствените препораки

Од вкупно 215 заразени пациенти од тетовско досега се излечиле 112 лица, а 21 починале, со што бројот на заболени активни во Тетово и 5-те околни општини е 82.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!