Во тетовско нема евидентиран нов случај со КОВИД 19

По зголеманата бројка на евидентирани случаи со КОВИД 19, кој заклучно вчерашниот ден во тетовско изнесуваше 20, денеска во овој регион нема ниту едно лице позитивно на КОВИД 19.Од Кризниот штаб на Општина Тетово, се надеваат дека ваквиот тренд без и со мал број на регистирани пациенти ќе продолжи, а тоа ќе значи брзо олеснување на мерките, кои ги предложи Комисијата за заразни болести.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, смета дека наскоро ќе се укине и забраната за организиран превоз.

Граѓаните со поделени мислења околу најавата за олеснување на мерките

-Јас мислам дека малку претераа со мерките, сето ова може многу негативно да влијае на населението, вели еден жител на Тетово. Сепак сметам дека треба да се почека, дека имавме денови каде што имаше па немаше заразено, не треба се избрзува, да се анализира барем уште една недела состојбата, па потоа нека се донесат одлуки дали да се укинуваат мерките или не, додада друг жител на Тетово.

Досега во тетовско – гостиварскиот регион се евидентирани 135 лица заразени со КОВИД 19. Повеќе од половина се веќе излечени.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!