Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово започна со производство новоизградената фабира Глас Флекс

.

Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово започна со производство новоизградената фабира Глас Флекс. Ќе се произведува стакло, а 80 % од производот ќе биде наменет за извоз

Во план е во оваа нова фабрика да бидат вработени околу 300 лица, претежно од полошкиот регион. Ова е трета фабрика која се отвори во технолошко индустриската развојна зона во Тетово која работи на основа на јавно –  приватно партнерство. Министерот за економија Крешник Бектеши кој беше на отворањето рече дека состојбата со короната го одложила почетокот на производствениот процес.

Се работи за фирма со модерна линија за производство на стакло Компанијата ГЛАСС ФЛЕКС инвестираше во индустрискиот комплекс за производство на стакло, чија изградба започна во есента 2018 година и заврши во крајот на 2019 година, со вкупна површина која што достигнувa до 8.500м2, оваа компанија претставува еден од најголемите инвеститори во овој регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *