Во училиштата во Гостивар до сега се запишани околу 400 првачиња

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

За десетина дена, колку што се спроведува уписот, во основните училишта на територијата на Општина Гостивар се запишале околу 400 првачиња. Од општинскиот Сектор за образование оценуваат дека во училиштата годинава бележат зголемени бројки на првоодделенци и дека се очекува надминување на цифрите од претходните години.

„Уписот продолжува до крајот на јуни, а секако првачиња може да се запишуваат и во септември, затоа што имаме семејства кои треба да се вратат од странски држави.Од околу 400 деца до сега запишани, околу 230 се во албански, 115 во македонски и 50-тина во турски паралелки.“, вели раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.

Она што редовно е проблем при упис во прво одделение е непочитувањето на реонизацијата – Правило кое вели дека детето треба да се запише во училиштето коешто е најблиску до неговата адреса на живеење.

Сепак, честопати родителите на своја рака го избираат училиштето, па некаде училниците се преполнуваат, а на друго место остануваат празни. Одговорните за образование апелираат да се почитува реонизацијата за да се избегнат такви проблеми.

Како што е веќе познато, уписите на првачињата оваа година поради пандемијата со коронавирус се одвиваат под посебен протокол. Децата доаѓаат во училиштето само со еден родител. Задолжителна е дезинфекција, носење на заштитни маски, како за родителите, така и за уписните комисии. Меѓу присутните треба да се одржува дистанца од два метри, да нема групирања, просториите да се проветруваат и дезинфицираат и друго.