Во Центарот за вработување во Тетово врачени договори за работа

Денес во Центарот за вработување во Тетово беа врачени договорите на одобрените апликанти за учество во мерките Субвенцинирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти. Овие мерки ги искористиел 100-тина невработени лица.

Од Агенцијата за вработување велат дека секоја година изработуваат оперативни планови за активни програми и мерки за вработување со цел да се зголеми вработливоста во земјава.