Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ се одржа шестиот Интернационален фолклорен фестивал „Пелагија – 2022“

Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во саботата се одржа шестиот Интернационален фолклорен фестивал „Пелагија – 2022“ со учество на фолклорни групи од странство и Македонија, како дел од активностите со кои се одбележуваат сто години од постоењето на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“.

На сцената настапија Фолклорниот ансамбал Етнос од Скопје, КУД „Брвеница“, Фолклорниот ансамбал Охрид 2010, КУД Кирил Пејчиновиќ од Теарце, КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово и Фолклорниот ансамбал „Лира фолклор“ од Белград, Србија.

На манифестацијата беа доделени благодарници и плакети за помагачи на фестивалот како и на членовите на опрганизациониот одбор за афирмација и придонес во работата на здружението.

Данијела Билбилоска